За објава веднаш FOSDEM 2009: Linux, Mozilla, MySQL и повеќе 9-ти собир на развивачи на слободен софтвер на 7-8 февруари 2009 во Брисел Брисел, 6 јан. 2009 – На 7 и 8 Февруари, преку пет илјади развивачи на слободен софтвер ќе се соберат на Слободниот универзитетот Брисел (Université Libre de Bruxelle), во Солбош кампусот за деветтата годишна FOSDEM конференција. Оваа година воведните предавачи ги вклучуваат Марк Шурман (Mark Surman, извршен директор на Фондацијата Мозила), Бдејл Гарби (Bdale Garbee, проектниот секретар на Дебиан) и Лесли Хауторн (Leslie Hawthorn, Гугл Лето на кодот). Направена е имресивна листа на предавања во главната сесија. Помеѓу 20-те предавачи се Теодор Тцо ( Theodore Ts'o, Linux кернел, ext4 датотечен систем), Макс Спевак (Max Spevack, Проектот Федора) и Роб Савој (Rob Savoye, Gnash, слободниот флеш пуштач). Савој: „Слободниот софтвер денеска е признаен како добра бизнис практика, а не како група на лудаци. Пред многу време ако работеше на слободен софтвер, за тебе сметаа дека си бездомник и пропалица. Овие денови има шанса да запознаеш секакви типови на луѓе кои работат со слободен софтвер за какви не задачи, и убаво е да се види дека имавме позитивен отпечаток на светот во последните 20 години.“ Паралелно со главните сесии, планирани се 30 летечки презентации: кратки 15 минутни презентации на теми различни како Музичка нотација MuseScore, GNU TLS сигурносна библиотека, TikiWiki вики, Bazaar контрола на верзии и.т.н. Едно од работите кои го прави FOSDEM уникатно се развојните простории. Овие простории се соби во кои избрани проекти можат да си организираат сопствен распоред: презентации, брејнсторминг или сесии за кодирање. Бидејќи соработката меѓу проектите е една од главните цели на FOSDEM, иста развојна соба во недела ќе користат KDE, GNOME и XFCE проектите. Меѓу другите соби за развивачи, заедничка соба ќе имаат Fedora и CentOS, embedded, Drupal, X.org, Ruby on Rails. Помеѓу главните сесии, летечките презентации и паузите, посетителите ќе имаат многу простор за разонода на многуте штандови во холовите: осум Linux и BSD дистрибуции, O'Reilly книжара со попусти, Фондацијата за слободен софтвер Европа, Mozilla, OpenOffice.org и многу повеќе. И конечно, задржувајќи ја добрата традиција, FOSDEM e и останува бесплатен. Не треба регистрација ниту котизација. За повеќе информации, погледнете го http://fosdem.org . =========== За FOSDEM: FOSDEM е годишен бесплатен и не-комерцијален настан за развивачи на слободен софтвер, од заедницата за заедницата. Им овозможуваме на заедниците кои развиваат слободен софтвер место за да се сретнат со други развивачи и проекти; посетителите да бидат во тек со последните настани во светот на слободниот софтвер; овозможуваме платформа за говори и предавања на лидерите на заедницата околу слободниот софтвер и ги промовираме развојот и добивките од слободните производи. Учеството и присуството на FOSDEM е бесплатно и слободно, иако организаторите благодарно прифаќаат донации и спонзорство. Контакт за новинари: Марк Ван ден Бор (Mark Van den Borre), +32 486 961726, mvandenborre@fosdem.org (NL, EN) Елиза Хуард (Elise Huard), +32 123 456789, ehuard@fosdem.org (FR, NL, EN)